Македонија
31. December 2015 - 16:28

Чавков: Одлуката на Спасовски е сериозен удар и прекршување на законите

Партиската чистка на Оливер Спасовски ќе оди на Управен суд. Заменик министерот за внатрешни работи бара Судот да донесе времена мерка и да го спречи партискиот упад на СДСМ во МВР.

Реакцијата на Чавков следи откако техничкиот министер на СДСМ ги смени началниците на полициите во Скопје, Куманово, Битола, Велес и Охрид и на нивно место донесе партиски послушници. Меѓу полициските службеници на големо се зборува дека ваквата постапка на Чавков доаѓа како одмазда за учеството на началниците во откривањето на фабриката за афери на СДСМ каде покрај Спасовски, евидентна е директна вмешаност и на неговиот лидер Зоран Заев.

Покрај тужбата на Чавков, сите разрешени началници веќе поднеле и приговори по што најавуваат и тужби.
Но скандалозното однесување на Спасовски не заврши тука. Спротивно на законот, тој унапреди 11 лица во полицијата, сите партиски војници на СДСМ.

Оливер Спасовски е министер за внатрешни работи околу 2 месеци. Тоа време му беше доволно за да се вмеша во најголемиот полициски скандал, наречен Фабрика за афери на СДСМ и да наместо да ги приведе да одржува редовни средби и телефонски повици со лица кои се бараат по потерница за сериозен криминал.