Македонија
25. November 2015 - 16:23

Чавков очекува Спасовски веднаш да го расчисти случајот со фалсификуваните лични карти

За помалку од 5 работни дена министерот за внатрешни работи може да го расчисти случајот со фалсификуваните лични карти кој го отворија опозициските медиуми. Заменикот во МВР Митко Чавков го предизвика новиот технички шеф на полицијата итно да ги преземе сите емрки зашто сите механизми на МВР се во негови раце.  Смета дека случајот звиси само од волјата на Спасовски.

- Технички назначениот министер веднаш се зафати со случајот и МВР крајно сериозно го толерира. На Спасовски му се ставени на располагање сите капацитети со кои располага МВР. Јас ќе инсистирам Спасовски што е можно побргу да се произнесе по сите сомневања на Фокус. Мора јавноста да ја знае вистината. Каде и кој ги изработувал личните карти, за каква цел? Доколку е за избори, да се повикаат и набљудувачите? Да се утврди дали се и тие вмешани? Верувам дека овие одговори Оливер Спасовски ќе ги има до крајот на неделава. Во спротивно ќе остави голем сомнеж за политиканство и непринципиелност во работењето, изјави Митко Чавков, заменик министер за внатрешни работи.

Чавков очекува техничкиот министер да ги расчисти сомнежите за сите случаи на кои во изминатиот период сенка фрлаше неговата партија. Диво насеље, Монструм, Мартин Нешковски, Никола Младенов, пајажина се дел од досиеата кои ги оспоруваше СДСМ и за кои најдоцна доНова Гподина се очекува да се признесе министерот Спасовски.

- По дефиниција, СДСМ ја оспоруваше секоја акција на безбедносните сили и отвораше дилеми. Сега е добар момент да се стави точка на тоа. До крајот на оваа година јас лично очекувам Оливер Спасовски да се произнесе и за сите други случаи кои СДСМ ги политизираше, почнувајќи од убиството на Мартин Нешковски, преку сообраќајната несреќа на Никола Младенов до смртта на Горан Софески која некои медиуми се обидоа да ја оспорат како сомнителна... Јас верувам и дека ќе ги провери и предметите како Пајажина за конечно да им одговори на неговите партиски шефови дали во тие случаи имало криминал, какошто пресуди и судот или би останал на тврдењето за непрофесионалност на полицијата. Во сите овие случаи Спасовски не тргнува од нула. Спасовски не открива траги и не го бара сторителот. Има оформен предмет. Затоа сметам дека Нова година или порано е долг рок во кој што Спасовски ќе излезе со одговор по сите овие случаи, изјави Чавков

Од доаѓањето на позицијата технички министер до денес Спаосвски не презема посериозни активности поврзани со безбедносната криза во Европа и бегалската криза која го тресе регионот. Најскандалозно беше одземањето на надлежностите на одговорните лица во МВР а медиумите пишуваа и за специфичните барања за службени впозила и мобилни телефони.