Чавков: Ниту ме загрижуваат, ниту пак може да ме заплашат заканите на Заев и криминални структури со кои тој е во спрега
Денеска на прес конференција лидерот на опозицијата го обвини дирекоторот на БЈБ, Митко Чавков за случувањата во Собранието вчера и му порача да си даде оставка и да бега што подалеку.
Митко Чавков му порача на Заев дека не го загрижуваат неговите закани и дека неговото недолично однесува, повеќе говори за него и начинот на кој што тој делува.
-Што се однесува до директните закани кон кој мене денеска ги упати лидерот на опозицијата Зоран Заев. Сакам да му порачам дека јас целата моја кариера ја поминав служејќи и на државата и сум се соочил притоа со многу сложени безбедносни предизвици. Сум работел професионално во полза на Република Македонија и во полза на граѓаните на Република Македонија. Затоа му порачувам дека ниту ме загрижува, ниту пак може да ме заплашат неговите закани и актуелните закани од криминални структури, со кои тој е во спрега. Неговите закани и неговото недолично однесување, повеќе говорат за него и за начинот на кој што тој делува, изјави Чавков
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица