Чавков: Не сум имал никаква комуникација со Миле Јанакиески и Спиро Ристовски за случувањата од 27-ми април
Не сум имал никаква комуникација со Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, пред, дента и по случувањата од 27-ми април во Собранието - ова во својот исказ го посочи поранешниот прв човек на БЈБ Митко Чавков. Со Јанакиески и Ристовски не комуницирале ниту за протестите „За заедничка Македонија“. Додаде и дека отворањето на вратите било изненадување за сите, па и за самите полициски службеници.
Комуницирал постојано со полицијата. Единствено за време на упадот во Собранието, имал телефонски разговор со поранешниот премиер Никола Груевски, кој му се јавил и изразил загриженост за тоа што се случува во законодавниот дом. За Александар Василевски - Нинџа рече дека не се познавале лично, за него знаел само дека е сторител на повеќе кривични дела. Сведокот Никола Митревски - Кољо во својот исказ рече дека со Александар Василевски-Нинџа се познавале уште од детство. Но посочи дека никој не му сугерирал да оди на протестите, ниту дека имал било каква комуникација дента на 27-ми април, со обвинетите во овој случај. Адвокатот Еленко Миланов посочи дека само исказот на Нинџа не е доволен, за обвинетите да добијат осудителни пресуди.
Елена Милошевска
Ново на Сител
-
Меѓународна потерница за Ковачевски, во земјава го чека 8 дневен притвор
-
Подготовки за најлудата ноќ
-
Лекарите предупредуваат: Внимателно со алкохолот
-
Сиљановска: Имаме право да веруваме во македонскиот сон
-
Мицкоски: Ја стабилизравме економијата – 2025 ќе биде уште подобра
-
Гаши: Да се обединиме околу европските вредности
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче: Подготвени сме за локални избори