Македонија
19. November 2015 - 16:33

Чавков: Мерки за селекција на мигрантите и ограничување на 3.000 дневно

3000 мигранти дневно да минуваат низ западно балканската рута, е одлуката со која земјите од регионот но и Европа се надеваат да се редуцира бројот на баратели на азил. Учесниците на комитетот на министри за внатрешни работи од ЈИЕ и присутните на состанокот на Салзбург форумот во Софија биле едногласни да се прави строга поделба помеѓу лицата кои имаат потреба за помош бегајки од воените зони и оние кои патуваат кон западна Европа за подобрување на финансиската состојба. Заменик министерот за внатрешни работи на состанокот побарал вистинско ангажирање на грчките власти и итно ствање во функција на хот спот точките во Грција и Италија. Дневно на јужната граница информирал Чавков пристигаат помеѓу 7 и 9 илјади бегалци, а дневно дозволениот број на оние кои треба да го продолжат патувањето е многу помал.

Чавков очекува дека следниот период ќе биде сериозен предизвик за земјите кои се наоѓаат на западно балканската рута. Ако Грција, како што беше договорено во Брисел не ја врши селекцијата помеѓу бегалци и мигранти, тоа ќе биде многу потешко да се направи на било која од границите долж балканската рута.