Македонија
4. December 2018 - 15:43

„Часови по готвење слоу фуд – на менито социјално претприемништво“

 Водени од слоганот „кул е да си кулинар“ Зружението за социјални иновации „АРНО“ во соработка со Здружението за заштита, промоција и едукација за храна „Слоу Фуд Водно“, како и  долгогодичниот партнер СУГС „Лазар Танев“ ја организираа иницијативата „Часови за готвење слоу фуд“.

Како што информираа организаторите,  проектот има за цел да ги зајакне капацитетите на самофинансирање на граѓанските организации преку подигање на јавната свест и свеста на приватниот сектор за социјалното претприемништо, а исто така и да придонесе кон збогатување на неформални пристапи и практики во подобрувањето на локалната економија.

Предвидени се вкупно пет часа во периодот од декември до март, додека искусните гаст-шефови Маре Јаневска, Бобан Симоновски, Зоран Мајновски и Дејан Карапеев  ќе го споделуваат своето искуство во подготвувањето на храна на следните теми: „Тркало на сезоните“, „Месеници од тефтерот на баба“, „Протеински растенија“ и „Риби од нашите води“.

Координаторката на проектот Ирена Димитровска информираше дека продажната цена на ваучерите е 1.200 денари, а може да се купат на купикартизасе.

-Уште од своето основање во 2013-та “АРНО“ се залага за промоција на социјално претприемништво, и ова е уште еден наш обид да го претставиме социјалното претпремиеништво како интересен, и во нашиот случај и вкусен, бизнис модел. Проектот е пример на широко партнерство и е платформа во која сите вклучени страни имаат бенефит: стручното образование го подобрува својот углед, учениците добиваат обули, готвачите добиваат промоција, органиѕациите-одржливост, нагласи координаторката Димитровска.

-Поддршката и промоцијата на локалните производи и производители се стремежите кои придонесоа АРМО и Слоу Фуд Водно заедно да дејствуваат преку Часови за готвење Слоу Фуд. Преку часовите за готвење готвачите ќе ни презентираат на кој начин ние треба и може да си ја зачуваме традицијата во подготвување на храната, а сепак да бидеме во чекор со технологијата и да ги користиме новите трендови во гастрономијата„, изјави асистентката на проектот Василка Стефановска од „Слоу Фуд Водно“.

Програмскиот раководител на Конект и координатор на проектот „Промени за одржливост“ Виктор Мирчевски рече дека проектот е финансиран од Европската Унија и ги поддржува успешните примери за финансиска одржливост на граѓанските организации.

„Социјалното претприемништво е одличен модел за тоа, а АРНО е еден од нашите најдобри примери што добива широка поддршка. Користењето на нивните часови значи инвестирање во едукацијата и покажува како со соработка на различни сектори може да градиме вистински промени, изјави Мирчевски.

Проектот е финансиран од програмата за доделување грантови на проектот на Европската Унија „Промени за одржливост“, а се спроведува од Конект во партнерство со Фондацијата Аполонија и Центарот за даночна политика.