Џет-Сет
17. November 2015 - 13:21

Чарли Шин плаќа по 30.000 долари за да мине ноќ со порно ѕвезда

Некогашната филмска ѕвезда и холивудски заводник Чарли Шин, денеска е само сенка на она што беше и додека светот го чека неговото официјално соопштение, во јавноста излегуваат детали од неговата тајна борба со ХИВ вирусот. 

Последните две години Чарли се повлече од јавниот живот, не излегува често и седи затворен во својот дом. Единствени кои му прават друштво се порно ѕвездите на кои им плаќа по 30.000 долари од ноќ, за да се дружат со него и да организираат забави во неговиот дом. Меѓу порно ѕвездите се не само жени, туку и мажи, тврдат американските таблоиди.

Според истите извори, актерот станал параноичен, поставил обезбедување за никој да не може да го посети, а ако некој сака да влезе во неговиот дом мора да потпише договор за тајност и да го остави својот мобилен телефон пред врата, за да не протече каква било информација за него во јавноста. 

Чарли е зависник од дрога, која и покрај болеста редовно ја зема. 

Тој имал интимни однос со толку многу порно ѕвезди, што сега целата порно индустрија е загрижена од можноста за ширење на ХИВ вирусот меѓу нив. Еден од режисерите открива дека порно ѕвездите се загрижени, но тврди дека прават редовни тестирања на секои две недели и дека се здрави. 

Шин последен пат е виден во јавноста пред еден месец кога со својата мајка Џенет бил во кино. Од тогаш пуши марихуана во својот дом и ги гледа своите стари филмови, тврдат таблоидите. 

Неговата поранешна сопрука Дениз Ричардс, со која има две деца, наводно знаела за болеста на Чарли. Шоу-биз магазините пишуваат дека сепак тоа не било причината за нивниот развод, како и дека таа и нивните деца не се инфиицрани со ХИВ.