Џет-Сет
30. July 2016 - 10:10

Чарли Шин конечно среќен - има нова девојка

Холивудскиот глумец Чарли Шин, кој од крајот на минатата година не престанува да ги полни содржините на „жолтиот“ печат откако откри дека е заразен со ХИВ вирус, пронајде нова емотивна партнерка.

Имено, глумецот од пред некое време се забавува со ријалити ѕвездата Џес Импијаци, а колку е нивната врска сериозна сведочи и фактот што самиот Шен неодамна ја потврдил.

Од друга страна, и неговата девојка Џес била расположена за разговор со новинарите, па им открила дека и покрај тоа што се гледаат често со Шин, се уште не биле интимни. 

- Дури и ако се случи секс, двајцата сме возрасни и одговорни луѓе. Знаеме како да се заштитиме, истакна Џес.