Македонија
18. December 2018 - 16:17

Чамба: Ќе работиме заедно со ЕК за Македонија да почне со процесот на преговори

Романското претседавање со ЕУ ќе работи Македонија да почне преговори за членство со Унијата.

Презентирајќи ги приоритетите на романското претседателство со Унијата, министерот за европски прашања Џорџе Чамба, по средбата со вицепремиерот Бујар Османи во Скопје, ги поздрави напорите на Владата во приближувањето кон ЕУ и НАТО, спомнувајќи го преспанскиот договор како клучен во овој процес.

Нагласувајќи дека изминуваат последните денови до имплементацијата на Договорот, Османи посетата на романскиот министер ја оцени како уште еден сигнал дека агендата на проширувањето на ЕУ е жива

Османи потенцираше дека Македонија, но и целиот Балкан имаат големи очекувања од романското претседателство со ЕУ, а двајцата соговорници се согласиле дека евроатланската интеграција е клучен елемент во насока на стабилноста на регионот, но и на Европа.