Живот
30. April 2016 - 10:38

Чај кој е поскап од злато - 20 грама од чајот за неверојатни 28 илјади долари

 
Дрвените грмушки од кинеското растение да хонг пао произведуваат еден од најскапите чаеви на светот. Цената на овој чај е 30 пати повеќе од цената на златото.
 
Еден богат купувач купил во 2020 година 20 грама од чајот за неверојатни 28 ијади долари. Дури и земјата каде што пиење чај е во културата на народот и претставува уметничка форма, оваа цена се смета за запрепастувачка бидејќи еден грам чај чини 1.400 долари и тоа го прави еден од најскапите чаеви на светот.
 
-Иако со изгледот овој чај личи дека им е наменет на просјаците, со цената е резервиран за царевите, а срцето му е како на Буда – вели Сјао Хуи, послужител на чајот од градот Вујишан во јужна Кина.
 
Хуи и неговото семејство со генерации се занимаваат со одгледување на ова растение.