Македонија
1. October 2022 - 21:11

Чаир: Се скарале за ред во амбуланта, па го избодел

Вчера во 18.11 часот во СВР Скопје било пријавено од Д.Ј. (22) дека бил нападнат во приватна здравствена установа во Чаир.

МВР информира дека Д.Ј. пријавил дека околу 17:45 часот во приватна здравствена установа на подрачје на Чаир по претходна расправија околу ред за влегување, бил физички нападнат од Љ.Ч., кој употребил и остар предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.