Бизнис
19. May 2017 - 19:45
Чагатај Кабло до крајот на годината ќе ја изгради фабриката и ќе почне со првите вработувања
Уште една компанија од ланецот добавувачи на фабриките во зоните отвара свој капацитет во Македонија.
Чагатај Кабло е турска компанија чии кабли се инсталираат во возила на брендови како Мерцедес - и Ван Хул.
Токму за белгиските автобуси ќе биде намененет најголем дел од производството во фабриката која треба да почне да се гради во јули.
Инвестицијата е проценета на 6 милиони евра и ќе овозможи 200 директни вработувања.
Освен оваа компанија, за потребите на Ван Хул во земјава фабрика за седишта отвори и германската Кил, додека шасиите ги прави домашната Актива.
-
Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->