Македонија
4. March 2019 - 9:28

ЦЕТ платформа спроведе работилница за грасрут активизам

Грасрут активизмот треба да стане поголема пракса на граѓаните, сметаат дел од учесниците на еднодневната работилница која се оддржа во Социјалниот центар Дуња, организирана од страна на здружението за едукација и тренинг ЦЕТ платформа.

Долгогодишниот активист, Кире Василев успеа да ја доближи целта на активистичките иницијативи и преку примери се обиде да ги објасни начините за покренување прашања во јавноста. Се осврна и на нивно адресирање до  елевантните институции и други чинители засегнати од проблемите. Работната група покажа голема заинтересираност за ваквиот начин на граѓанско здружување, но укажа на потребата од поголема иницијативност на граѓанскиот сектор за организирање обуки кои ќе им помогнат на граѓаните да стекнат вештини за градење на успешни кампањи. Учесниците сметаат дека треба да бидат информирани за алатките на грасрут движењата, но да се работи и на поголема освестеност кај граѓаните за покренување на прашања од јавен интерес во општеството.

Според Кире Василев - грасрут активизмот е особено битен во општества во кои довербата кон институциите е многу слаба. Во тој случај ваквиот тип на активизам е најдобриот показател за тоа каде општеството потфрла и каде граѓаните треба да се организираат. 

На работилницата, Василев се обиде преку документарни видео материјали, фотографии од граѓански иницијативи и лични искуства да укаже на крајната цел на грасрут активизмот. Работната група успеа да симулира кампањи за проблематични општествени прашања. 

ЦЕТ платформа на 16 март ќе ја посети Агенцијата за млади и спорт каде ќе се разговара за младинско учество, младински политики и за државни програми за млади, а во истиот ден ќе организира и еднодневна работилница во просториите на Агенцијата на која ќе се дискутираат и пишуваат препораки за подобрување на ситуацијата на младите и нивното учество во општествените процеси кои подоцна ќе бидат испратени до релевантните институции.

Работилницата за грасрут активизам е организирана во рамки на проектот „Здружени за посилно граѓанско општество“, кој е финансиски поддржан од Агенцијата за млади и спорт.