Бизнис
11. October 2016 - 16:30

Цереметал од Атина објави дека ќе инвестира во Македонија 12 милиони евра и можност за 600 вработувања

Грчката компанија Цераметал е името на новата, трета по ред инвестиција  во изминативе три дена. Во индустриската зона Жабени во Битола, за почеток ќе вложат 5 милиони евра, а во наредните неколку  години вкупно ќе инвестираат  12 милиони евра.  Планирани се вработувања на 600 лица.

Реализацијата на оваа инвестиција е во напредна фаза, фирмата веќе купила 45 илјади метри квадратни земјиште,а во тек се подготовките за едукација на првите машински и електринженери кои ќе бидат пратени на 3 месечна обука во седиштето на компанијата, во Атина. Неколку фактори биле одлучувачки за да вложат во Македонија

- Поволната бизнис клима, инфраструктурната поврзаност со Грција, рангирањето од Светска банка,   ниските трошоци за работа, квалитетната и образована работна сила, пзонавањето на англискиот и грчкиот јазик беа  одлучувачки да инвестираме во Македонија, изјави Марија Пападополу, генералн менаџер на Цераметал.

Компанијата ќе произведува метални производи , метални конструкции како и материјали за заварување, кои се наменети за енергетскиот сектор и  за делот за градежни машини.Во првата фаза ќе  стартуваат со произврдствен капацитет на површина од 5 илјади метри квадратни.  И 150 вработени во производството, додека во делот на дистрибуцијата, одржувањето и шпедицијата уште 30 лица. Во наредната фаза, со проширување на производствените капацитети вкупниот број на вработини планираат да достигне 600 лица.

Нивното производство е наменето за извоз, речиси половина за германскиот пазар,  но и Канада, Чиле, Бразил, Турција, Русија, Индонезија, Јапонија и Тајван.