Балкан
30. January 2016 - 11:45

Церар и Орешковиќ загрижени поради мигрантската криза

Премиерите на Словенија и на Хрватска, Миро Церар и Тихомир Орешковиќ изразија загриженост поради отсуството на ефикасна реакција на мигрантската криза. 

Тие наведоа дека тоа би можело да го дестабилизира Западен Балкан, јави Танјуг.

Церар и Орешковиќ разговараа и за соработката на двете држави, и се согласија дека за решавање на мигрантската криза потребна е подобра соработка на државите.

Тие изразија загриженост дека недостигот на ефикасна европска реакција на кризата и со оглед на последните промени на миграциските политики во некои држави дестинации, би можело да доведе до зголемување на билатералните тензии и како последица дестабилизација на Балканот, се наведува во заедничкото соопштение.

Орешковиќ ја поддржа иницијативата на Церар, што побрзо да се запре текот на ирегуларни миграции на западнобалканскиот пат со помагање на Грција во соочувањето со мигрантскиот прилив, како и на македонските власти во јакнење на контролата на јужната граница.