Свет
26. February 2016 - 15:42

Центри на ОН за децата мигранти кои поминуваат низ балканската маршрута

Обединети нации ќе создадат центри за деца без придружба и семејства на мигранти, кои доаѓаат од Грција и преминуваат низ Балканот на пат за Северна Европа, соопшти Агенцијата на ОН за бегалци и УНИЦЕФ.

Предвидени се вкупно 20 центри, кои ќе бидат безбедно место за децата и нивните родители. Центрите првенствено се наменети за децата кои сами патуваат и се изложени на ризик од болести, насилство и илегална трговија со нив. Центрите ќе работат и на обединување на разделените семејства, пренесува БТА.

Четири од центрите веќе работаат на грчките острови и од двете страни на грчко-македонската граница. Другите центрии ќе бидат отворени следните три месеци во Грција, во Македонија, во Србија, воо Хрватска и во Словенија.

Според податоци на ОН во 2015 година над 900.000 деца без придружба или разделени од родителите побарале азил во Европа, пред се во Германија и во Шведска. Додека, 60 проценти од мигрантите кои од Турција по морски пат пристигнуваат во Грција, се жени и деца.