Балкан
20. јуни 2017 - 13:00

Централната информативна програма на РТС од денеска со титли

Централната информативна програма на српската државна телевизија РТС од денеска ќе може да се гледа и со титли, што е од големо значење за лицата со оштетен слух, јави Танјуг.

Претседателката на српскиот Сојуз на глуви, Сузана Маслач Матовиќ се заблагодари на телевизијата за титлувањето, како на информативните емисии, така и на српските телевизиски серии, со што лицата со оштетен слух ќе можат да се информираат како и сите други.

Гледачите ќе можат да ја активираат функцијата преку внесување на бројот 888 во телетекстот на РТС.

Софтверот за титлување е реализиран благодарение на донации од Програмата за развој при Обединетите Нации.