Балкан
25. May 2021 - 9:05

Централната банка на БиХ со најава за економски раст од 3,4 проценти

Централната банка на БиХ предвидува дека економскиот раст на таа држава ќе биде 3,4 проценти оваа година, што е за 70 основни поени повеќе од проекцијата од ноември 2020 година.

Новата прогноза наведува дека, иако почетокот на 2021 година е под влијание на корона-кризата, посилното закрепнување од предвиденото на одредени показатели, како што се индустриското производство и извозот на стоки, во првиот квартал укажува на подинамично економско активност во тековната година.

Проекцијата за економски раст за 2022 година е ревидирана нагоре за 40 основни поени, јавија локални медиуми, но не наведуваат каква стапка на раст сега се очекува.

Со овие прилагодувања на предвидените стапки на економска активност, нивото на реалниот БДП од 2019 година може скоро да се достигне до крајот на 2021 година.