Македонија
20. јуни 2016 - 8:32

Центарот за обука на пилоти ќе информира за конкурсот за нови кандидати

Центарот за обука на пилоти во соработка со Министерството за одбрана на Република Македонија денеска во Дом на АРМ во Скопје ќе информира за конкурсот за обука на пилоти.

Селекцијата на кандидати за пилоти се состои од низа тестирања и проверки кои кандидатите треба да ги поминат пред да отпочнат со летачките активности. Првенствено се врши проверка на здравствената и физичката подготвеност по што следуваат компјутерските тестирања и вежби, специјално прилагодени за професијата пилот, за на крај способноста на кандидатот да се потврди во 10 летови на авионот ZLIN-242L, информира Министерството за одбрана.

Кандидатите кои успешно ќе ги завршат сите селективни тестови се здобиваат со статус на кадети и отпочнуваат со школувањето за воен пилот.

Центарот за обука на пилоти е наменет за селекција и обука на пилоти за потребите на АРМ, и е концепиран по примерот и стандардите на воздухопловната академија на Израелското воено воздухопловство.