-->
-->
Центар за подобрување на образовните можности на децата со оштетен вид во Тетово
-->
Ресурсен центар за подобрување на образовните можности на децата со оштетен вид ќе биде отворен денеска во Тетово. Центарот ќе биде лоциран во училиштето „Вудроу Вилсон“.
Проектот за деца со пречки во видот, реализиран од страна на Универзитетот на Југоисточна Европа, работи на зголемување на квалитетот и пристапноста на услугите за образование за деца со пречки во видот, со посебен фокус на писменост, со печатење учебници на Брајово писмо на локалните јазици и кампањи за бесплатни очни прегледи кај деца од предучилишна возраст.
-->
-->
-->