Македонија
5. January 2016 - 13:46

Цените на угостителските услуги во декември исти како и во ноември

 

Цените на угостителските услуги во декември се задржале на истото ниво како и претходниот месец, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемување за 0,6 проценти има на цените на угостителските услуги во споредба со декември минатата година.  

Кумулативниот индекс за периодот јануари - декември во однос на истиот период од претходната година е зголемен за 0,5 проценти, додека во однос на декември 2014 година има зголемување за 0,4 отсто. бак/дма/13:21