Бизнис
17. May 2022 - 12:20

Цените на раноградинарските производи растат, а нагло се зголемуваат и производствените трошоци

Цените на раноградинарските производи вртоглаво растат. Земјоделците велат, ќе биде и полошо. Производствените трошоци се двојно зголемени во однос на лани и тешко можат да се надоместат со крајната продажна цена. 

- Сега производството ќе опадне, скапи се ѓубривата.

- Препаратите поскапеа, вода, а работата, кој ќе ни го плати трудот, никој. Каде ни се нафтата, бензинот и тие работи.

Најголем проблем е велат, што нема да остане никој што ќе сака да работи. Земјоделието станува дејност со која се занимаваат само стари луѓе. Младите не сакаат ни да слушнат за работа во поле и многу полесно се одлучуваат да заминат од држвата во западно европските земји.

- Уште ќе се намали, младите не работат, а и подобро да не работа, зошто да останат овде и да работат за џабе. 

- Нема кој да работи, сите бегаат.

Платите и пензиите стагнираат, а цените растат, со што опаѓа и куповната моќ на граѓаните, кои се уште го задржуваат смисолот за хумор.

- Мојот буџет дозволува, пензијата дозволува, во неделата барем едно кило (домати) за салата.

Според најавите на економистите, Европа ќе се соочи со дефицит од земјоделски производи, што ќе го поттикне извозот, но постои опасност македонските пазари да останат празни.