Бизнис
7. July 2017 - 12:20

ЦЕНИТЕ ДРАСТИЧНО ОПАЃААТ: Возачите да очекуваат супер вест!

Цената на нафтата во текот на вчерашниот ден се намали на меѓународните пазари, а тоа се случи како резултат на силниот долар кој ја забави побарувачката и проценките за поголем извор на ОПЕК.

На лондонскиот пазар цената падна 57 центи во однос на претходниот ден и денес изнесува 49.04 американски долари за барел. 

На американскиот пазар барелот се тргуваше за 63 центи пониска цена, од 46,44 долари.

Одвоено, ОПЕК објави дека цената на барелот на референтната кошничка на неговата нафта во вторник изнесувала 47,57 доалри, што значи дека пораснала за 40 центи во однос на претходниот ден.

Со оглед на тоа дека Регулаторната комисија за енергетика ги утврдува цените врз основа на движењето на курсот на доларот, берзанската цена и побарувачката за нафта, можеме да очекуваме дека следниот понеделник ќе има благо намалување на цената на горивата во Република Македонија.