Цената на златото на шестгодишен максимум
Падот на азиските берзи ја зголемија цената на златото на шестгодишен максимум, бидејќи инвеститорите бараат сигурно засолниште за капиталот.
Цената на златото достигна 1.550 долари рано утрово, највисоко ниво од април 2013 година и раст од 20 проценти само оваа година.
Таквиот пораст на цената на златото е резултат на заострувањето на трговскиот конфликт меѓу Вашингтон и Пекинг во текот на изминатиот викенд, што предизвика пад на акциите, обврзниците и цените на суровините.
„Поради сигналот за економски превирања, видовме промена на потезите на инвеститорите кон безбедни средства како златото“, изјави Мадхави Мехта, аналитичар на „Кодак секјуритиз“, додавајќи дека оптимизмот во врска со златото обично расте со пораст на неизвесноста за глобалните пазари на капитал.
Ново на Сител
-
Владата го одобри решението за деконтаминација на линданот во ОХИС
-
Владата ги усвои измените со кои ќе се регулираат цените за лекување на ковид пациенти во приватните болници
-
Во судир на камион и автомобил едно лице загина, а три се повредени
-
27 починати и 1129 нови случаи на КОВИД-19 во земјава
-
Минофрлачка граната пронајдена кај Кичево
-
ИЈЗ: Намалување на бројот на новоинфицирани за 13,4%, зголемување на смртни случаи за 6,2%
-
Заев: Концептот Отворено владино партнерство приднесе земјата да се трансформира од заробена држава во отворен и прогресивен пример
-
Приведен дилер од кумановско