Бизнис
31. August 2016 - 12:40

Цената на струјата во првото полугодие пониска од лани

Просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата во Македонија во првата половина од годинава изнесувала 5.02 денари по KWh, што претатвува намалување од 1.65% во споредба со второто полугодие од 2015, соопшти државниот завод за статистика.

Просечната цена на електричната енергија без данок на додадена вредност за индустријата се движи од  3.14 до 8.27 денари по KWh, по групи на потрошувачи. 

Просечната цена на природниот гас без ДДВ за индустријата, пак, била од од 14.09 до 16.80 денари по nm3, по групи на потрошувачи.