Свет
14. October 2021 - 13:40

Цената на плинот во Европа повторно над 1.200 долари за илјада кубни метри

Цената на гасот во Европа за време на тргувањето на лондонската берза ICE денеска повторно порасна на над 1.200 долари за илјада кубни метри, поточно достигна речиси 1.230 долари.

Цените на договорите за фјучерси за ноември во центарот ТТФ во Холандија се зголемија на 1229,4 долари за илјада кубни метри или 102,5 евра за мегават-час.

По првичниот раст утринава, цената на гасот донекаде забави и е на ниво од 1208 американски долари за 1.000 кубни метри.