Бизнис
3. August 2018 - 20:25

Цената на пченицата на светските берзи на врвот, во Македонија на дното

Цената на пченицата на светските берзи го достигна врвот. За само три недели цената е зголемена за 20%. Еден тон се продава за 214,5 евра или најмногу во послендите пет години. Причина за наглиот скок на врендоста на лебното жито е сушата во северна Европа и екстремните дождови во регионот на Црното Море кои добедоа до намалување на приносите.

Помали приноси годинава има и во Макеоднија. Во споредба со лани површините под пченица се за третина помали. Трендот ќе продолжи велат змејоделците затоа што олку ниска цена немало никогаш порано. Годинава цената падна на 7 денари за килограм што е близу половина од цената на светските берзи. Ако трендот продолжи, Макеоднија ќе остане без сопствен леб.

Земјоделците од Пелагонија сметаат дека цената не смее да биде пониска од 12 денари за килограм за да ги покријат трошоците, бараат итна помош од Владата, но и стратегија за заштита на лебното жито во иднина.