Бизнис
10. February 2020 - 16:40

Цената на нафтата по 5-неделен пад поради корона вирусот се стабилизира и почна да расте

Утринава благ пораст на цената на нафтата на светските берзи, по 5 то неделниот пад. Стравот од ширење на корона вирусот и намалената побарувачка, особено во Кина, која е најголем светски увозник на нафта, полека стивнува. Таму продолжените новогодишни празници денеска завршија, голем дел од работниците се вратија на работното место, иако некои делови од градовите се  уште се под карантин, а објектите  каде што се собираат многу луге, останаа затворени.

Аналитичарите велат дека лошите вести за коронавирисот го достигнаа својот максимум и наскоро очекуваат вести за подобрување на ситуацијата. Трендот за пад на вредноста  на црното злато  се прелева и кај нас.

За да ги надминат последиците од корона вирусот над 300 кинески компании бараат кредити во вкупен износ од најмалку 8,2 милијарди долари. Аналитичарите прогнозираат дека штетите од корона вирусот можат да ја чинат светската економија во првото тримесечје над 280 милијарди долари. Тоа би значело дека глобалната економија во првиот квартал  нема да забележи раст за прв пат од 2009 та година. Инаку од појавата на корона вирусот цените на нафтата паднаа за околу 20% .