Свет
18. March 2020 - 12:43

Цената на нафтата „Брент“ се спушти под 28 долари, првпат по јануари 2016 година

 Цената на суровата нафта од типот „Брент“ се намали за 2,75 проценти на лондонската берза и достигна 27,9 долари.

Последен пат кога цената на таа марка нафта беше со таа цена, беше во јануари 2016 година.

Вредноста на фјучерсите за американската супер лесна нафта (ВТИ) се намали за 4,9 отсто и се наоѓа на ниво од 25,96 долари за барел, што е на ниво од мај 2003 година.