Балкан
19. April 2016 - 15:10

Целото семејство повторно на полиграф – Убиството било планирано најмалку два месеца

Убиството на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ (33) било внимателно планирано најмалку два месеца, пишува денешен српски „Курир“.

Повикувајќи се на извори блиски од истрагата, весникот тврди дека убиецот имал личност која му помагала низ месеците да го направи планот. На сето тоа укажува добро осмисленото киднапирање, убиството кое било испланирано до најмал детаљ, како и тоа што убиецот не оставил трага.

Исто така, целото семејство оваа недела повтрно ќе биде однесено на испрашување и полиграф.

– Убиецот имал најмалку едно лице кое му помагало и тие детално се подготвиле за чинот – вели изворот.

Според досегашната истрага, начинот на кој е убиена Јелена со триесетина удари од дрвена палка укажува дека убиецот ја познавал и и ги знаел навиките.