Македонија
21. March 2016 - 16:19

Целосно се топи тезата на СДСМ дека на избирачкиот список има стотици илјади фантомски гласачи

Доколку на вашата адреса живеат луѓе со повеќе од 3 презимиња вие ќе бидете дел од теренската проверка на ДИК, на 15.000 адреси или 100.000 записи во кои има околу 64.000 лица.

Според експертите во ДИК, ваквата бројка покажува дека избирачкиот список е скоро чист затоа што на овие 15,000 адреса, може да се најдат многу сопружници со различни презимиња, може да најдат и селата во кои не е регулиран системот за нумерирање на адреси. Тука се и луѓето кои се преселиле но не е направиле промена на своето живеалиште.

Во овие 100,000 влегуваат и сите оние кои живеат во дивоградби. Сите овие луѓе се реални гласачи на кои законски не може да им се одземе уставно загарантираното право на гласање.

Овие бројки покажуваат ио дека целосно се топи тезата на СДСМ дека на избирачкиот список има стотици илјади фантомски гласачи. За нив на избирачкиот список прво имаше 100,000 фантомски гласачи па 500,000 па 200,000, но сега ќе се проверуваат само 64,000 луѓе, од кои според проценките над 98% се реални гласачи а во останатите случаи се работи за грешки кои се занемарливи.

На граѓаните кои живеат на адреси со повеќе од 3 презимиња, не им е јасно како опозицијата ги прогласува за “фантоми“ кога пред секои избори и од СДСМ им доставуваат флаери.

Тезите на СДСМ за наводни “фантомски гласачи“ станаа предмет на потсмев и на социјалните мрежи. “И јас сум фантом“ е насловот на фејсбук групата на која граѓаните се шегуваат со огромните бројки кои од СДСМ ги претставуваат како фантомски гласачи.

-Ако не си Зоран Заев тогаш мора да си фантом, се шегуваат членовите на групата која прераснува во кампања каде што јавни личности саркастично се прогласуваат за фантоми.