Бизнис
28. January 2017 - 17:48

Целосно обновен возниот парк на Железници

До крајот на оваа година десет нови локомотиви ќе возат по македонските пруги. Првата набавка на шест локомотиви се комплетира, а за втората за купување уште четири нови потпишан е договор.

Пет нови воза веќе се во земјава. Четири сообраќаат, врз петтиот кој пристигна пред три дена се вршат потребните тестирања и за две до три недели ќе биде пуштен во сообраќај. Шестиот треба да пристигне наскоро. Шесте нови воза, вредни 25 милиони евра, имаат капацетит да превезуваат 1200 патници и ги покриваат сите железнички линии низ Македонија.

Паралелно, уште четири електрички локомотиви влегуваат во производтсво кај кинексиот производител. За нив договорот вреден 8 милиони евра беше потпишан пред десетина дена.

Во имзинатите десет години во вообнова на возниот пар на железницата без вложени педесетина милиони евра. Освен новите патчнички возови, беа набавени и 150 товарни вагони во вредност од 15 милиони евра. Вакви инветсиции во железницата немало во послендите 40 години.