Целосно ќе се реновира црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија
По седумдесет години од нејзиното делумно реновирање, црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија ќе добие нов изглед, информира денеска старешината на црковниот храм Љупче Миланов.
Целосното реновирање на црквата, според Миланов, ќе се одвива во две фази. Работите од првата фаза веќе се во тек и опфаќаат замена на стариот покрив, глетување на ѕидовите, замена на дрвените со ПВЦ прозорци, поставување нови резбани дрвени врати, нови тавани, нов под и комплетно нова фасада по што црковниот храм во центарот на Гевгелија ќе добие нов лик.
Градежните работи од првата фаза треба да завршат за четири месеци, а втората фаза во која ќе се цртаат нови икони и фрески и ќе се прави новиот иконостас на црквата ќе трае две до три години.
- Од 1896 година кога е изградена црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија, ова е нејзино прво целосно реновирање, а делумно била реновирана во 1946 година. Градежните работи и активности ги финансираме со редовните приходи на црквата, со средства од Повардарската епархија и со донации од физички лица и верници. Целосното реновирање на црквата ќе не чини околу 5 милиони денари, рече Миланов.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО