Целосно изгорела плевна во село Бошава, сточарско семејство останало без простор за кравите
– Во пожар целосно изгорела плевна во кавадаречкото село Бошава. Сточарско семејство останало без простор за кравите.
Како што велат жители на селото за МИА, сопствениците на плевната се сомневаат дека пожарот е подметнат.
Шталата била на главниот пат на Бошава, кон Конопиште, на раскрсницата за Горна Бошава, од десната страна.
Жителите на селото се надеваат дека заедницата ќе изнајде начин да му даде поддршка на сточарското семејство кое, нагласија, е едно од последните во тој дел на Тиквешијата.
Портпаролот на СВР Велес, Ристе Стамаџиев за МИА изјави дека вчера 38-годишна жена од Горна Бошава во ОВР Кавадарци пријавила дека настанал пожар во плевна, сопственост на нејзиниот сопруг. Повредени лица нема, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот