Македонија
30. July 2021 - 12:23

Целосно изгаснати пожарите над Кочани

Пожарот кој два дена беснееше вооколината на Кочани и се закани да ја пеплоса фабриката за вода и неколку куќи, од утринава е ставен под контрола. Еден пожарникар беше послесно повреден, а друг заврши во болница поради гушење. По укаѓаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување. Поради опасност од повторно распламтување, во текот на ноќта дежурни екипи останаа на терен.

Во текот на ноќта оставивме на критичните места да дежураат две големи противпожрни возила кои останаа статични на местата и доколку имаше потреба ќе се интервенираше повторно. За наша среќа направени се само мали интервенции во текот на ноќта- изјави Николчо Илијев, градоначалник на Кочани.

Во коштец со огнената стихија се ангажираа противпожарните екипи од Кочани, Штип, Виница и Македонска Каменица, но најбрзо интервенираше локалното население кое спречи штети од огромни размери. 

Многу сува вегетација, многу јак пламен, пожарот беше потпогнат од силен ветер. Многу страшна катастрофа- изјави Влатко Николовски, жител на Кочани.

Целосно се пеплосани околу 20 ха борова шума стара 30 години, најубавиуот зелен појас кој го опкружуваше градот. Во текот на денот, пожарникари и припадници на македонски шуми ќе вршат контрола на опожареното подрачје, за да се анулира секоја потенцијална опасност од повторно разгорување.