Македонија
30. јуни 2017 - 12:40

Целосно изгаснат пожарот во Струшко

Целосно е изгаснат пожарот што вчера попладне избувна во шумскиот предел меѓу струшките села Делогожда и Поум, информира командирот на Противпожарната единица во Струга Минир Мамуди.

Тој посочи дека нивни екипи остануваат на терен да направат проверка на целата опожарена територија за евентуални жаришта.

- Пожарот е целосно изгаснат. Во моментот се прави контрола на целиот терен. Причинета е голема материјална штета, опожарени се над 30 хектари борова шума, изјави Мамуди.

Во гасењето на огнената стихија која била регистрирана вчера околу 15 часот, покрај струшките пожарникари учествуваа и нивните колеги од Охрид, Кичево, Битола и Ресен, екипи на јавното претпријатие „Јабланица“,  Дирекцијата за заштита и спасува и локалното население.

Утрово беа вклучени и два специјални авиони за гаснење пожари „Канадери“ на Дирекцијата за заштита и спасување, кои помогнаа во локалнизирање на огнената стихија, која претставувала опасност да се прошири кон населените места.