Цело семејство премина во Ислам: Филип и Огнен сега се викаат Есад и Хамза
Своето преминување во ислам во Мелајска џамија, вчеравечер јавно пред присутни сведоци и имамот на истата џамија, го потврдиле четири члена од семејството Новаковиќ од Белград, пишува „sandzakprees“.
Брачниот пар Бојан и наташа со синовите Филип и Огнен шехадетот го кажале пред имамот Асмир еф. Црновршанин.
После прифаќањето на исламот брачната двојка ги зеле имињата Исмаил и Едина, додека децата ги добиле имињата Есад и Хамса.
Имамот изјавил дека ова не е прв случај и се надева дека ќе има уште многумина кои ќе ја прифатат вистинската вера. После прифаќањето на верата следувала и шеријатска венчавка.
Луѓето кои ќе се одлучат да станат муслимани мораат да го изговорат шехадетот на арапски јазик, а се препорачува да го изговорат и на својот мајчин јазик, пред некој овластен имам, или муслиман со најмалце двајца сведоци.
После тоа, лицето се здобива со целосно право да се нарекува муслиман.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи