Живот
7. August 2017 - 10:51

Цело семејство исчезнало: Ги оставиле пасошите и телефоните, а полицијата открила шокантни детали

Семејството Тромп повторно работи на семејната плантажа во близина на Мелбурн - една година откако преживеале патување исполнето со параноја, за која се уште не се знае причината. Нивното бизарно патување започнало на 29 август 2016 година, кога родителите ги убедиле своите три деца дека мораат веднаш да го напуштат домот. Целото семејство се качило во автомобилот и тргнале кон север. 
 
Побегнале од фармата, ги оставиле пасошите, кредитните картички и мобилните телефони. Според тоа, тие сакале да патуваат без да остават било какви траги. 
 
Подоцна се дознало дека сопружниците имале психички проблеми и дека барем еден од нив верувал дека некој сака да ги ограби и убие. Единствениот телефон кој го зеле со себе бил на синот Мајкл, но после 30 километри го натерале да го фрли. Биле убедени дека некој може да ги следи со помош на сигналот од телефонот. Мајкл (25) подоцна изјавил во медиумите дека тргнал со нив само за да биде сигурен дека се ќе биде во ред со неговите родители.
 
Првиот ден смејството минало околу 800 километри. Следниот ден, 30 август Мајкл побегнал од нив, а неговите две сестри останале со родителите. Семејство продолжило да „бега“ кон некоја позната туристичка дестинација. Тоа било крајот на патувањето и за Риана и Ели, кои исто така одлучиле да ги напуштат родителите. Откако ги напуштиле украле автомобил и веднаш отишле во полиција каде го пријавиле исчезнувањето на нивните родители.
 
Но, тука не е крајот, по ова и сестрите се разделиле. Ели заминала дома со автомобилот кој го украле, додека Риана не минала толку лесно. Таа се качила во некој камион да се шверцува. После еден час возење, возачот ја нашол, а кога и се доближил се шокирал. Ели не знаела која е, ниту каде се наоѓа, била целосно изгубена. Веднаш била пренесена во болница.
 
Сопружниците тргнале кон Мелбурн, кон плантажата и своите деца, но неколку дена потоа се разделиле. Жената тргнала кон север и била пронајдена на 350 километри од местото каде се разделиле. Никој не знае како го минала тој пат, но луѓето кои ја пронашле изјавиле дека била премногу вознемирена. Шест дена подоцна бил пронајден и сопругот покрај пат во близина на аеродром.
 
Интересот на јавноста за овој настан се уште е голем, но никој досега не објаснил што точно се случило со ова семејство. Полицијата не пронашла траги од дрога, ниту пак семејството имало долгови и не биле членови на секта...