Свет
24. October 2017 - 17:15

Цели 25 години се бричела а сега одлучила да престане и да се прифати себеси каква што е

Рози Гејл која има 39 години се бори со прекумерна влакнетост и уште од 13 години таа приметила дека не е како другите деца и почнала да се бричи секое утро.

Таа 25 години се борела со тоа, и го депилирала целото тело а влакна почнале да и се појавуваат на лицето и над устата но и под брадата.

Моите пријатели никогаш не приметија ништо, секогаш умеев добро да го сокријам мојот проблем- рекла Рози.

Рози никогаш не се чувствувала добро во сопствената кожа, секој ден пиела хормонски терапии и одела на редовни прегледи, меѓутоа ништо не се променило.

После долги години поминати со депилации, бричење и различни ласерски третмани, Рози решила да го прифати нејзиниот проблем и да остави брадата да и порасне.

Докторите претпоставуваат дека нејзината влакнетост се должи на тоа дека има полицистични јајници, но и уште неколку хормонски пореметувања.

-Бев емотивно уништена и не сакав повеќе да се лажам самата себе. Беше тешка одлука да ја оставам брадата да ми порасне, во почетокот ми беше непријатно и се воздржував да не земам жилет и да се избричам- рекла Рози.

Сега кога шета низ сосетството, лужето ја застануваат и ја поздравуваат, и велат дека е храбра жена и дека изгледа убаво а тоа конечно ја прави Рози да се чувствува убаво во сопствената кожа и да биде среќна.