Живот
29. September 2015 - 16:11

Цела ноќ седел до таткото на умирање, а големата тајна ја открил дури утрото!

Од време на време, медицинската сестра во болницата се обидувала да го убеди војникот дека треба малку да се одмори. Тој одбивал.

Медицинската сестра води уморен и депресивен војник до креветот во одделот за ургентна медицина.

“Вашиот син е тука”, му рече на постариот човек на креветот. Мораше неколку пати тоа да го повтори пред тој конечно да ги отвори очите. Под тешки седативи поради срцев удар, низ магла тој здогледа едно униформирано лице. Ја крена раката, војникот му ги стегна ослабените прсти. Тоа беше стисок на љубовта и охрабрувањето.

Медицинската сестра привлече едно столче да може војникот да седне. Цела ноќ, седеше во слабо осветлената соба, го држеше старецот за рака и му шепотеше. Од време на време, болничарката се обидувала да го убеди војникот да се одмори малку. Тој одбивал. Секој пат кога сестрата би дошла во одделението забележувала дека човекот во униформа сосема е несвесен за звуците околу себе – ѕвечкање шишиња со кислород, оддалечената смеа на дежурниот персонал, стенкањето на другите пациенти … Повремено би слушнала како на старецот му зборува нежни зборови. Старецот на умирање не кажа ниту еден збор на синот. Само го стегаше за раката.

Некаде пред зори, стаерцот починал. Војникот му ја пушти раката и отиде да ѝ каже на сестрата. Додека сестрата работела она што мора, тој ја чекаше. Конечно, таа се врати да му изрази сочувство, но ја прекина.

“Можете ли да ми кажете кој е овој човек?” Сестрата на на момент застана, “Па, татко ви.”

“Не, не е. За прв пат во мојот живот го гледам”, рече тој. “Па, зошто не кажавте кога јас ве одведов до него?”, праша сестрата.

“Веднаш знаев дека дојдено до грешка. Но, исто така, знаев дека на овој човек му требаше синот, а синот не беше таму. Кога сфатив дека тој е премногу болен и дека не може да препознае дали јас сум му син или не, останав. Знаев дека сум му потребен. Дојдов тука за да го информирам Вилијам Греј дека неговиот син загинал во Ирак”, објасни маринецот и праша: “Но, сепак, можете да ми кажете како се вика овој господин? “

“Вилијам Греј”, рече низ солзи сестрата.