Цела недела се жалела на болки во очите, но кога отишла на лекар сите останале шокирани | Сител Телевизија
Живот
19. March 2018 - 21:05

Цела недела се жалела на болки во очите, но кога отишла на лекар сите останале шокирани

Единаесетгодишно девојче се буди со мртви мравки во очите и никој не знае како тие завршиле таму.

Веќе извадиле 60 мравки од нејзиното око, а лекарите претпоставуваа дека влегле низ ушите.

Ашивни (11) минатата недела започнала да се жали на силни болки во очите. Имала чувство дека нешто и се заглавило зад капаците, а откако ја провериле, пронашле мала мравка во едното око.

Не се грижеле премногу за тоа затоа што мислеле дека бубачката таму завршила случајно, но девојчето набргу повторно се жалело на болки, а тогаш и пронашле повеќе мртви мравки и ја одвеле во болница.

Лекарот им рекол дека мравките сигурно низ ушите влегле и некако дошле до очите. Против болки и иритации и препишал капки за очи, но девојчето се уште наоѓа по пет мртви мравки дневно зад своите капаци.

Ја одвеле во специјализирана болница за очи и се надеваат на одговори.

Семејството исто така ја однело и на астролог, затоа што се плашеле дека ја опседнал некој лош дух.