Македонија
3. October 2015 - 18:31
Цела Македонија вклучена во акцијата ,,Македонија без отпад 2015‘‘
Повеќе од 300 депонии со 17 илјади метри кубни отпад има на територијата на Македонија. Овој загрижувачки факт до кој дојдоа надлежните го вклучи алармот кај сите инволвирани, кои ги засукаа ракавите и почнаа со работа. Македонија без отпад е последната акција во која се вклучија сите фактори во државата, а која стартуваше од скопската населба Ѓорче Петров.
Оваа акција се спроведува како дел од светската иницијатива за намалување на отпадот во природата, а во Македонија се вклучија повеќе од 60 локални самоуправи.
Во акцијата Македонија без отпад учество земаа и повеќе амбасадори а планот е иницијативата да се прошири во сите населени места во Македонија.
-->
-->