Балкан
13. July 2018 - 8:59

Цела Хрватска зборува за овој босански полицаец: Дејан на филмски начин спаси две деца што ќе беа однесени од брановите

Дејан Гвозден, полицаец од Босанска Градишка, бил на летување во Хрватска со семејството кога видел две деца во неволја.

Тие биле во чамец кој брановите го носеле кон отворено море. Дејан, кој престојувал во автокампот Рача кај Сењ, вчера невремето го затекна на плажа.

-Невремето и ветерот стануваа се посилни кога посетителите од плажата панично почнаа да покажуваат кон морето каде се наоѓаше мал гумен чамец со две беспомошни деца. Силниот ветар го однесе чамецот на отворено море, кон Голи оток додека децата довикуваа помош, наведе Дамир Дадо Тулемија истакнувајќи го подвигот на својот сограѓанин.

Senj, Ilustracija

Тоа биле деца на германски државјани, девојче од 11 и момче од 8 години. Тогаш Дејан зел еден слободен чамец и со него испловил без да размисли за својата безбедност. Успеал да го стигне чамецот и успешно да ги врати децата на брегот.

-Мене ми е чест што можам да објавам ваков подвиг на нашиот сограѓанин, а на Дејан да му честитам за храброста и пожртвуваноста. Се надевам дека во Полициската управа во Градишка Дејан адекватно ќе биде награден зошто на навистина храбар начин и во најдобро светло ја презентираше и Градишка и работата која ја изврши овојпат во соседна држава и тоа на одмор, наведе Тулемија, кој е исто така од Босанска Градишка.