Живот
31. October 2017 - 10:57

Цел живот го помина со мајката, никогаш не се ожени: Сега таа се грижи за него (80) во старскиот дом

Ада Китинг е 98-годишна старица која реши да се пресели во дом за старци за да се грижи за својот 80-годишен син Том.

Поточно, сметала дека Том, кој е во центарот за нега на старци од 2016 година, му е неопходна грижа и поддршка, поради што одлучила да му се придружи.

Том никогаш не се оженил, па целиот свој живот го поминал со мајката, поради што тие двајцата се неразделни.

-Секоја ноќ ќе му посакав лека ноќ и секое утро добро утро, а потоа му велев дека доаѓам на појадок. Кога ќе одев на фризер, тој ме чекаше додека да се вратам, по што ме гушкаше. Никогаш не престанувате да биде мајка, раскажа Китинг.

-Навистина добро се однесуваат кон мене, но јас сум среќен кога знам дека и мојата мајка живее овде, рече Том.

Ада и нејзиниот сопруг имале четири деца, од кои едно им починало на 13 години. Пред да се пензионира, Том работел како сликар и декоратер, додека Ада како медицинска сестра. Внуците на Ада редовно ја посетувале. Менаџерот во центарот за старци Филип Даниелс истакнува дека нивниот однос е многу трогателен и дека се среќни што тие двајцата можат да бидат заедно.

-Многу ретко можете да видите мајки и нивните деца заедно во ист дом за стари и секако сакаме да им овозможиме тоа време најдобро да го поминат. Неверојатни се, рече Даниелс.