Живот
9. May 2016 - 11:59

Цел свет и се смее на оваа богаташка, место дете подигна маж!

Британската богаташка и бизнисменка Мишел Моне го направи најголемиот гаф во својата многу успешна кариера.

Моне основаше сопствен бренд на долна облека со што стана една од најуспешните британски претприемачи и беше повикана на деловна конференција во Виетнам каде држеше предавање пред околу 3 илјади луѓе.

На бината по излагањето и се придружи „момче“ кое и врачи голем букет, а таа го зеде во раце за да се слика со неа.

Меѓутоа во тој момент, една жена од првиот ред и викна: „Спушти го долу, тоа е мојот маж!“.

Тогаш Мишел стана свесна дека во прегратка не држи дете, како што мислела туку возрасен маж на свои 47-години, но со џуџест раст.

-Изгледа дека не му пречеше, а целата сала паѓаше од смеа. Помислив дека нешто не е како што треба, зошто забите му беа многу жолти од никотинот, вели таа/

Мишел на своја сметка на Твитер се пошегува: „Најнезгоден момент било кога. Зборував во Виетнам пред 3.000 луѓе, мислев дека тој е шестгодишно дете и го кренав, кога тоа бил маж!“