Џет-Сет
22. April 2016 - 17:51

Цел свет го мразеше, а тој поминувал низ пекол: Пејачот по седум години прозборе за скандалот!

Крис Браун ја отвори душата и искрено проговори за скандалот во 2009, кога ја претепа тогашната девојка, славната пејачка Ријана.

Пејачот призна дека сакал да се убие поради тоа што го направил.

- Се чувствував како чудовиште. Размислував за самоубиство. Не спиев, ништо не јадев. само „дував“, признава 26 годишниот пејачво трејлерот за документарниот филм „Добродојдовте во мојот живот“.

Во документарецот се појавува и неговата мајка Џојс Хокинс, која истакнала дека тоа и бил најлошиот ден во нејзиниот живот.

Крис поради нападот е осуден на пет години условна казна, шест месеци социјално - корисна работа и една година посетување на советувалиште за насилство во семејството.