Живот
4. April 2018 - 14:56

Цел регион зборува за Мирјана која прослави 30 години развод како свадба: На 14 години се омажила, на 16 години родила...

Цел регион зборува за Мирјана Миловановиќ која направила забава како за свадба, со 90 гости, во венчален фустан, со музика до долго во ноќта. Вистинска свадба – без младоженец.

Веселбата се одржала во неделата во кафеана во Јагодина. Невестата пристигнала со бела лимузина во венчаница, ја дочекале китени сватови, фрлала бидермаер… Веселбата не била свадба само поради еден ситен детаљ – немало младоженец, а и Мирјана не се мажела, туку прославувала 30 години од разводот. На веселбата имало и гости кои дошле специјално од Америка.

-Кога им кажав на роднините и на пријателите што планирам, никој не ми веруваше. Еве, и овие мои музичари мислеа дека се шегувам додека не им дадов капар. Поканите ги испечатив, полно ми е срцето, вели швајцарската пензионерка Мирјана.

Меѓу гостите не бил нејзиниот поранешен сопруг.

-Знае тој добро за оваа веселба, вели дека не му било гајле. Не ми го ни треба, 18 години бев со него во брак, го трпев само заради децата. Вака ми е супер. Никогаш не ми паднало на памет повторно да се омажам. Жал ми е што двајцата синови и петте внучиња не сакаа да дојдат, но дојдоа мајка ми, браќата, сестрите и многу други луѓе кои ги сакам.

Вели намерно прославата ја организирала на роденденот на бившиот маж.

-Сакав на 31 март, но на некои гости не им одговараше, па го поместивме датумот за 1 април.

Подароците кои ги добила на „свадбата“ Мирјана ќе ги донира за сиромашните.

Мирјана сечела и торта украсена со невеста и младоженец забиен во тортата со главата надолу.