Цел регион ни се смее: Од каде толку „кучки“ околу Охридското Езеро?!
Една мапа за туристи што треба да ги води гостите низ Охрид стана хит на интенрнет.
Имено плажите на мапата се означени на англиски јазик, но, како викаат, една нула една кула.
Место зборот плажа, на англиски „beach“, пишува „bitch“, збор што идентично се изговара, но има поинакво значење – кучка.
Овој збор, покрај буквалното значење, се употребува и како лош збор за жена, кучка, но и за протитутка.
Така излегува дека Охридското езеро место да е обиколено со плажи, тоа е обиколено со кучки, лоши жени или…
Односно Македонија може да им понуди на туристите бројни кучки на брегот на нашето „море“: Куба либре бич, Канео бич, Голден бич, Хотел Метропол бич,… и на крајот, Свети Наум бич.
Фотографија од оваа мапа, која привлече големо внимание на социјалните мрежи, е објавена на Фејсбук страницата на „Славорум“, која се занимава со различни занимливости од словенескиот свет.
Таа има повеќе од 740.000 допаѓања, па не е лошо да си ги поправиме „кучките“ од Охрид, ако сакаме туристи.
Ново на Сител
-
Американската централна банка потврди рекордна загуба
-
Приведен крадец во Кочани, расчистени седум кривични дела
-
Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија
-
Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права
-
Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата
-
Трет ден потрага по Данка, проверка на базните станици и телефоните на родителите
-
Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот
-
Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара