Македонија
11. February 2016 - 9:18

Цел Дебар и дел од Жупа без вода за пиење

Од вчера попладне без вода за пиење е Дебар и околината и поголем дел од општина Центар Жупа, кои со вода се снабдуваат од водоводот Росоки-Дебар.

- Поради голем, сериозен дефект на главниот водоводен цевковод во близина на поранешниот погон на фабриката ЕМО, без вода за пиење е градот Дебар, селото Рајчица и истоимената нова населба, како и поголем дел од општина Центар Жупа,односно селата кои се снабдуваат од овој водовод. Специјална екипа до доцна навечер го расчисуваше теренот. Се надеваме дека дефектот ќе биде саниран до вечер, вели директорот на ЈКП „Стандрад“, Мазлум Леши.

Поради дефектот, водата која доаѓа од Росоки, се излева во Дебарско Езеро.

Инаку, во дел од општина Центар Жупа нема проблеми со водоснабдувањето бидејќи со вода за пиење  се снабдува од водоводот Лучишта.