Џет-Сет
2. May 2018 - 18:58

Цеца влезе во учебниците за основно: Горат социјалните мрежи…

Последниве години се почесто во Србија на страниците на учебниците за ученици од паралелките на основно образование или на тестовите за приемни испити се наоѓа по некое прашање или пример врзан за современите јавни личности со цел на учениците да им се доближи содржината, а тоа обично наидува на поделени реакции, особено кога станува збор за претставниците на фолк музиката.

Ист е случајот кога на социјалните мрежи е објавена фотографија од учебниците за петто одделение од основно училиште во кои се најдоа стихови од песната на Светлана Цеца Ражнатовиќ, „Громе мој“.

-Стихот „Сечаш ли се лепи громе мој, некада је тло под нама пуцало!, се наведува како пример во една од зададените задачи.

Мислењата се поделени. Додека едни сметаат дека стиховите на популарната музика не би требало да се најдат во училишните учебници, други пак, го поддржуваат овој вид приближување на материјалот на улениците од основните училишта.